Утрински Весник
Македонија

Најстудено во Берово, измерени -19 степени

Zima3

Во Берово утрово е најстудено, -19, а најтопло – 2 степени во Дојран.

Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -18 степени се измерени во Битола, -13 во Тетово, -12 во Прилеп, Демир Капија и Дебар, -11 во Скопје-Петровец и Маврови Анови, -9 во Крива Паланка, Штип и Кавадарци, -8 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, Претор, Виница и Попова Шапка, -7 во Охрид и Куманово и -4 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во седум часот изнесува 22 сантиметри во Маврови Анови, 18 во Битола и Попова Шапка, 16 во Дебар, 15 во Тетово, 14 во Ѓуриште, 13 во Берово, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 9 во Претор, осум во Охрид, седум во Демир Капија, три во Струмица и Прилеп, два во Штип и еден сантиметар во Крива Паланка.

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро, тивко и студено време. Во Демир Капија има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, а појава на слаба магла има во Битола.

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!