Утрински Весник
Здрав Живот

Неверојатно е што се случува ако јадете 7 ореви секој ден

Walnuts

Оревите имаат двојно повеќе полифенолни антиоксиданси од сите други производи од јаткасти плодови и на тој начин му помагаат на телото да се бори против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и предизвикуваат болести, покажа студијата на Универзитетот во Пенсилванија.

Откако беше откриено дека само седум ореви дневно обезбедуваат заштита од срцеви заболувања, оревите веднаш беа прогласени за суперхрана, иако тие долго време се сметаат за најсовршена храна во природата.

Од сите други јаткасти плодови, откриено е дека оревите содржат највисоки нивоа на антиоксиданси. А кога станува збор за храна здрава за срцето, оревите се меѓу првите три најздрави намирници.

Покрај тоа што се богати со антиоксиданси, тие содржат и здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Затоа не е изненадувачки што истражувањата покажуваат дека редовното консумирање ореви може да го намали ризикот од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

Научниците истакнуваат дека предноста на оревите е тоа што луѓето ги јадат непреработени, бидејќи токму во оваа форма се најефективни. Секое друго мешање со ореви, како што е печењето, ќе ја намали нивната ефикасност.

Сепак, многу луѓе избегнуваат јаткасти плодови затоа што мислат дека се масни и ги дебелеат. Ама оревите содржат здрави полинезаситени и мононезаситени масти кои не ги затнуваат крвните садови како заситените масти. Ако јадете јаткасти плодови, нема да се здебелите, освен тоа, би можеле да ослабете бидејќи предизвикуваат чувство на ситост.

„Седум ореви на ден е идеална количина за да се добие максимална корист од нив“, додаде д-р Винсон.

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana