Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пожар на гасен терминал кај Санкт Петербург

Img 8092
300x250 opst2

Пожар избувна на терминал на рускиот независен производител на природен гас „Новатек“, во пристаништето Уст-Луга, во Ленинградската област, соопшти денеска гувернерот на регионот.

-Нема пријавени жртви од пожарот на терминалот на „Новатек“ во пристаништето Уст-Луга. Персоналот е евакуиран. . .

Во округот Кингсеп е воведен режим на висока готовност, изјави гувернерот Александар Дрозденко.

Гувернерот додаде дека претставници на руското Министерство за вонредни ситуации и локалната противпожарна служба се на местото на настанот за да го изгаснат пожарот, пренесуваат руските медиуми.

Веб-страницата Marine Traffic претходно објави дека до пристаништето Уст-Луга биле закотвени пет танкери, што пловеле под националните знамиња на Панама, Габон, Либерија и Грција.

Дрозденко не кажа што го предизвикало пожарот на пристанишниот терминал во рускиот дел на Финскиот залив, околу 170 километри западно од Санкт Петербург и 35 километри од естонската граница.

Локалните медиуми јавија дека најмалку два дрона биле забележани како летаат кон Санкт Петербург пред извештаите за пожар на терминалот.

Можете да прочитате

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас

Германска градоначалничка избодена со нож