Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО НАЈАВА: Следува екстремен студ во Македонија – Температурите понекаде ќе се спуштат и до околу -20 степени!

IMG

Метео анализа на Славчо Поповски:

Врнежите од снег постепено ќе престанат, по што следува многу студенови време, особено во седмицата која е пред нас.

Времето ќе биде сончево и ведро со мала до умерена локална облачност, а ветерот од северен правец ќе ја намали својата брзина. Наутро температурите на многу места ќе се спуштаат до околу -10 степени, а тие понекаде ќе се спуштат и до околу -15 степени.

Ќе има места каде температурата науутро ќе се спушти дури до околу -20 степени, со што очекуваме појава на силен мраз.

Во Скопје и околината исто така ќе имаме слично време, а температурата наутро ќе се спушти и под -10 степени.

Многу студено ќе биде и преку ден, особен о во првите неколку денови од новата седмица. Тогаш температурите и преку ден на повеќе места ќе останат под нулата. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат за неколку степени над нулата.

Можете да прочитате

ЕБР одбележа 25 години постоење, министерот Тошковски најави продолжување на модернизацијата и поддршката за единицата

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон