Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Ковачки јавно да се извини за лагите што ги шири, ВМРО-ДПМНЕ се гробари на демократијата и иднината на нашите деца

Img 8065

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на својот профил на социјалните мрежи реагираше на последната прес-конференција на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

„ВМРО ДПМНЕ е се уште без идеја, без основен концепт за развој и раст, а очигледно е дека веќе ја губат и „креативата“ во однос на беспредметните напади: почнале и да ги рециклираат. Но со рециклирани лаги нема да станете прогресивна партија, туку напротив…ќе останете тоа и што сте: гробари на демократијата и на иднината на сите наши деца“ пишува Битиќи.

Тој најавува дека ќе го тужи Ковачки за клевета, ако претходно јавно не се извини.

„Се надевам дека Ковачки нема да „дезертира“ од обврската јавно да се извини, во спротивно, ако првиот пат се воздржав од тужба за клевета, сега тоа со задоволство ќе го направам.

П.С. Државната комисија за спречување на корупцијата уште пред година и пол не утврди потреба за отворање постапка за злоупотреба на функција или искористување на било какво влијание, мое или на било кој друг, во однос на тоа што невладини организации добиле странски, а не владин грант“ стои во објавата на Битиќи.

Можете да прочитате

Како се избира нов папа по смртта на Папата Франциск

Меџити: Ако Таравари сака соработка со ДУИ, не му е местото во Владата

„Културата не е трошок“ – Синдикатот на културни работници утре излегува на протест