Утрински Весник
Свет

Во Србија зголемуваат додаток за првородено дете на повеќе од 4.000 евра,за второ дете – над 5.000 евра

Img 8058

Родителскиот додаток за првороденото дете во Србија ќе се зголеми од 378.000 на 500.000 динари (4.300 евра), во согласност со политиката на државата за зголемување на бројот на раѓања.

„Кога ќе се роди првото дете ќе добиваат од државата – и не зборувам за дополнителни бенефиции од локалните самоуправи – 500.000 динари, а за второто нема да добијат веќе 460.000 динари, туку 600.000 динари. За третото и четврто дете, тие мерки ќе бидат посериозни и ќе добијат повеќе пари“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Белград на презентацијата на проектот „Скок во иднината 2027“.

Тој посочи дека мајките со уште повеќе деца ќе добијат дополнителни, посебни награди „да знаат дека се гордост на општеството и да не бидат предмет на потсмев и критика“.

„Ја подигнавме вкупната стапка на фертилитет, од 1,46, што е на работ да исчезне Србија, на 1,63, што е лошо, но најмалку лошо во целиот регион. Нашата цел е таа стапка на фертилитет да се подигне на 1,75 до крајот на 2027 година“, рече претседателот на Србија.

Можете да прочитате

Маж во Индија се разбудил миг пред кремирањето

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција