Утрински Весник
Македонија

Вчера дури две жени се нападнати од нивните брачни партнери

IMG

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот празничен ден, дури две жени се нападнати од нивните брачни партнери.

Имено, во билетенот е наведено дека на 19.01.2024 во СВР Велес, 36-годишна велешанка пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија, нејзиниот сопруг Л.М.(48) физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, вчера во 14.35 часот во СВР Охрид е пријавено дека во семејниот дом, Д.А. од Охрид физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија