Утрински Весник
Спорт

Роналдо: Саудиското првенство е поквалитетно од француското

IMG

Кристијано Роналдо ја заврши 2023 година како најдобар стрелец во светот.

Роналдо ја достигна бројката од 53 гола, гол помалку од него постигнаа Килијан Мбапе и Хари Кејн.

На доделувањето на „Глоуб Сокер“ наградите, Португалецот со една изјава предизвика бура во европската јавност.

„Среќен сум во Ал Наср, тој трансфер беше одличен потег за мене. Саудиската лига е во процес кој ќе биде долг, но чекор по чекор ќе го достигне врвното ниво. Мислам дека ќе биде една од Топ 3 лиги во светот “, рече Роналдо и додаде:

„Саудиската лига не е послаба од француската Лига 1. Саудиската лига е поконкурентна од француската, тоа можам да го кажам откако поминав една година овде. Оваа лига е веќе подобра од француската, а само што почна да расте“.

Можете да прочитате

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства