Утрински Весник
Македонија

Забрана за автобуси и тешки товарни возила на неколку патни правци

Kamioni sneg

Поради силен ветар и големи наноси на снег на потегот од село Рогачево до граничниот премин Јажинце од 08:40 часот е воведена забрана за автобуси и тешки товарни возила, додека останатите возила мора да имаат задолжителна зимска опрема.

Поради интензивни снежни врнежи на планинскиот превој Стража и во Маврово од 04:00 часот e воведена забрана за тешки товарни и на патниот правец од Гостивар кон Стража и Кичево и на патот од Маврово кон Дебар.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка од 05:00 часот се воведе забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Можете да прочитате

Повторно гори во кругот на фабриката за оружје во Самоков

Предизвик: Заедничка иднина базирана на почитување, толеранција и соработка без да се изгуби сопствениот идентитет

Владата повикува невработени лица да се борат против пожарите – нуди плата од 24.000 денари