Утрински Весник
Македонија

Бојмацалиев: Водици нека ни биде потсетник за обновување на нашите духовни и морални вредности

Бојмацалиев

Шефот на кабинетот на Оливер Спасовски и иден заменик министер во МВР, Митко Бојmaцалиев го честиташе верскиот празник Водици.

„Почитувани граѓани од православна вероисповед,

Ви го честитам празникот Богојавление Водици, ден на Крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, како симбол на прочистување на гревот.

Нека ни биде потсетник за обновување на нашите духовни и морални вредности и нè инспирира да се стремиме кон подобра и посветла иднина за нашата земја.

Ви посакувам среќен празник, исполнет со радост, здравје и благосостојба. Нека светлината и мирот на Водици ве следат во сите денови кои доаѓаат.

Бог се јави“ стои во честитката на Бојмацалиев.

Можете да прочитате

Алиу: Владината реконструкција е доказ дека нема да има предвремени избори

Сали: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е тешка политичка одлука

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ: Циклон од Турција ни носи силно невреме