Утрински Весник
Македонија

Денес и утре автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред, а се уште не се знае дали во понеделник воопшто ќе возат

јсп (1)

Поради верскиот празник Богојавление – Водици денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе функционираат по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

По неделен возен ред, како што информираат од ЈСП Скопје, ќе се вози и утре (сабота), со исклучок на посочените линии кои повторно ќе функционираат по саботен возен ред.

Од ЈСП Скопје велат дека денеска дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров, кои ќе работат од 7 до 14 часот, додека утре (сабота) сите билетарници ќе работат со вообичаеното работно време.

Жичницата, пак, сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

Инаку, Синдикатот во ЈСП најави дека в понеделник автобусите нема да сообраќаат ако до тогаш Град Скопје не префрли пари и вработените во сообраќајното претпријатие не ја добијат декемвриската плата.

Можете да прочитате

ССМ не се откажува од барањето за 500 евра минимална плата

Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција” за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека “Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата