Утрински Весник
Македонија

Две жени се затруле од плин, транспортирани на скопските клиники

IMG

Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри.

-Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница Штип, со претходно труење со плин од плинска боца. Пациентите се прегледани во Дежурна амбуланта и примени на Оддел за интезивна нега. Со стабилни витални параметри и по претходнен договор, а во придружба на доктор и медицинска сестра упатени се на Клиника за токсикологија при Клинички центар ,,Мајка Тереза” во Скопје информираат од штипската болница.

Можете да прочитате

Спасено повредено лице од непристапен терен на Пелистер

Скопјанец ја натепал сопругата и нејзината мајка

Бомба фрлена врз куќа во скопско Бардовци