Овој антицелулитен шејк треба да го пиете секое утро неколку дена, а потоа да направите пауза. Ќе ви даде енергија, ќе го прочисти вашето тело, ќе го ослободи од вишокот вода и ќе ги ублажи „дупчињата“ на нозете.
Состојки:
Вода
спанаќ
половина банана
половина портокал
неколку кругчиња ананас
малку цимет
Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете убаво изблендиран напиток.
Спанаќот е одличен извор на железо и влакна, го подобрува варењето и на тој начин ги исфрла сите токсини од вашето тело. Портокалите се богати со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданси и се добри за сјајна кожа.
Диуретичните својства на ананасот ќе помогнат во борбата против задржувањето на течности во телото, тој содржи антиоксиданси кои прават кожата да изгледа здрава и затегната.
Бананите се полни со калиум и се добар извор на витамин Б6 и диетални влакна, витамин Ц и манган. Помага и против задржување на течности во телото.