Утрински Весник
Македонија

Здравствените власти предупредуваат граѓаните да бидат внимателни, да се вакцинираат, да носат заштитни маски во болниците

Img 7918

Зголемен е бројот на пациенти кои ги посетуваат здравствените установи. Ндележните здравствени власти предупредуваат граѓаните да бидат внимателни, да се вакцинираат, да носат заштитни маски во болниците… -Сега е сезона на грип. Не само во Македонија, туку во целиот регион. Време е за грипот за вирусот на инфлуенса А и Б. Пикот не е достигнат. Се очекува да биде за две до три недели. отсега.Нешто невообичаено не се случува. Грипот е тешка инфекција. Тешка респираторна инфекција, особено за малите дечиња до 1 и 4 година возраст, за постарите лица. Грипот знае да направи сериозни ситуации. Некој го поминуваат и на нозе, но, кај многу луѓе се случува секундарна инфекција. Тука настанува компликации и може да дојде и до пневмонија. Грипот е познат, повеке од 100 години со милиони жртви. Нема зошто да се чудиме после се’ што ни се случувало, треба да разбереме грипот не е лесна работа. Треба да бидеме претпазливи – изјави доктор Марјан Балоски, за „Студио 10“.

 

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути