Утрински Весник
Македонија

Екологисти од С. Македонија и од Албанија против најавената трка со моторни чамци Формула 1 на Охридското Езеро

Screenshot 2024 01 15 165321

Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна  Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“, закажан за одржување во јуни годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, во соседна Албанија.

Настанот „F1H2O“ е дел од светското првенство во трка со високо-туражни моторни чамци, така наречени „Формула 1 на вода“, за кои основано се проценува дека имаат негативно влијание врз животната средина, живиот свет и еко-системот, настани што вообичаено се одржуваат на отворени водени површини како мориња и океани, а не на затворени водни површини како што е Охридското Езеро.

Проценките спроведени од страна на самиот организатор и стручни лица од областа на заштита на животната средина, покажуваат дека на настанот ќе бидат ослободени приближно 1.639.089 килограми јаглероден диоксид (CO2), што во воздухот така и во самото езеро.

Според покренувачите на иницијативата за спречување организација на таквниот наста, за време на самата трка во водата и во воздухот за само неколку дена ќе бидат ослободени штетни гасови еквивалентни на оние што ги испуштаат моторните возила како на брегот така и во водата во текот на цела календарска година.

„Исто така ќе бидат потребни 4.300 метри квадратни паркинг-простор за да се сместат 43-те тимови или 129-172 камиони ангажирани за логистика на настанот. Самата стартна платформа ќе биде изградена во езерото на длабочина од 20 метри каде што се наоѓа литоралната зона, просторот каде се мрестат и живеат рибите од езерото“, предупредуваат иницијаторите на акцијата за спречување организација такви еколошко-неприфатливи настани на езерото.

За тоа какви се можат да бидат негативните влијанија на одржувањето сличчни настани на Охридското Езеро, повеќе ќе биде презентирано на прес-конференцијата што за утре ја закажаа претставници на Националната установа „Хидробиолошки завод – Охрид“ и на граѓански здруженија и оасоцијации од Македонија и од Албанија.

Закажаната прес-конференција е предвидена за утре во Охрид со почеток од 12 часот.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме