Утрински Весник
Магазин

Најстудена трка на светот, Маратон на -55 во Русија

New Project

Деновиве се одржал најстудениот маратон на светот во најстуденото место на Земјината топка – Ојмјакон во Русија каде температурите во просек зимно време се -50 степени.

Утрото на стартот на најстудената трка на светот температурата измерена во базните метеролошки станици како и на софистицираните модерни уреди изнесувала -55 степени. Но никој не размислувал да ја одложи трката.

На крајот победник бил 23-годишниот студент Константин Драгунов од Јакутск кој го истрчал целиот маратон за 3 часа и 7 минути.

На секои 5 километри има шатори со греалки. Таму може да се напиете врел чај, да каснете бујон и да се згреете. Трчав со гелови. Една девојка исто од Русија вечета кажа: „Обично пијам гелови ама денес првпат ги џвакав, зошто таму замрзнува се во секунда“.

„Ноќта пред стартот беше минус 55, но не мислев да се откажувам. Иако гледаш на термометарот и не ти е јасно. Првпат трчав на таква температура. Сум тржал на 40+, на 45+ но вакво не.

Меѓу Јакутс и Ојмјакон има 1.566 километри и со кола се оди за повеќе од 33 часа. Да се трча на такво студено време е многу многу студено, страшно. Таму не само што е мраз туку и кислородот е друг. Влага има, тешко се дише а и планинско подрачје е, 800 метри надморска висина“.

Можете да прочитате

Кинематографските продукции на GoTürkiye наградени на US International Awards 2026

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно

Мали работи што ја одржуваат љубовта