Утрински Весник
Свет

Германските земјоделци со трактори и камиони на протести пред Бранденбуршката порта

20240115100614 Big 730x400 16

Германските земјоделци за денеска најавија протести пред Бранденбуршката порта во Берлин со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците.

На протестите се очекува да учествуваат околу 3. 000 земјоделци со трактори, 2. 000 камиони и 10.000 луѓе од цела Германија.

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер планира да им се обрати на учесниците на протестот, а лидерите на партиите од владејачката коалиција ги поканија претставниците на земјоделците на разговор.

Германските земјоделци минатиот понеделник почнаа да ги блокираат пристапните патишта во делови на Германија, како спротивставување на планот на владата да ги прекине даночните олеснувања за купување дизел што се користи во земјоделството.

Владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц минатиот месец предложи планови за укинување на даночните ослободувања за земјоделските возила и даночните олеснувања за набавка на дизел.

Тие планови се дел од пакетот за пополнување на буџетскиот дефицит од 17 милијарди евра за 2024 година.

Во четвртокот, германската Влада делумно попушти, наведувајќи дека ќе се задржи ослободувањето од данок на земјоделските возила и дека ќе се укине намалувањето на даночните олеснувања за дизелот во текот на три години.

Сепак, германската асоцијација на фармери соопшти дека сè уште инсистира на целосно повлекување на плановите на владата.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме