Утрински Весник
Магазин

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: Најпрвин врнежи од дожд и од снег, па краткотрајно, но поголемо затоплување на времето!

64c47ff1 64d1 4f74 9d4a 355b3eabf1ae
Dik 300x250 mk

Mетето анализа на Славчо Поповски

Денес продолжува стабилното, суво и студено време, додека утре и во вторник ќе имаме зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд на пониските места (градовите) и од снег на планините и на повисоките места.

Снежната граница понекаде би можела да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што слабо провејување на снег понекаде би можело да има и во повисоките населени места. Повеќе врнежи ќе има во западните предели, каде на планините и на повисоките места ќе дојде до формирање на помала снежна покривка.

Во Скопје исто така се очекуваат повремени врнежи од дожд со послаб интензитет, а на околните планини ќе провејува снег.

Наутро температурите во текот на новата седмица ќе бидат повисоки, но и понатаму претежно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Краткотрајно, но поголемо затоплување на времето ќе имаме кон крајот на работната недела кога температурите во Македонија ќе достигнат до 15 степени, по што следува нов продор на студен бран од север.

Можете да прочитате

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза 

Комарци првпат забележани на Исланд

Бела пилешка чорба – 24info.mk