Фарските острови, на сензационален начин, го освоија историскиот прв поен на Европските првенства. Фараните против фаворитот Норвешка одиграа 26:26, откако на помалку од 40 секунди до крајот на мечот имаа негатива од два гола. Вечерва, актуелниот шампион Шведска и Данска изборија пласман во следната фаза.
Фарските острови во текот на целиот натпревар беа рамноправен ривал на теренот, осбено во вториот дел кога се играше гол за гол.
Се чинеше дека Норвежаните ја завршија работата кога на три минути пред крајот, благодарение на двете одбрани на Бергеруд, стекнаа предност од три гола (26:23).
Финишот ја режираше една од најголемите сензации во историјата на Европските првенства. Фараните постигнаа два гола, а на 11 секунди до крајот Рајкинд ја загуби топката и направи прекршок за седум метри. Скипаготу погоди за 26:26 и за голема радост на трибините на 5.000 навивачи на оваа репрезентација.
Скипаготу и Расмусен беа најефикасни кај Фарските острови со по пет гола.
Најефикасен кај Норвешка беше Александер Блонц со осум гола, а најдобар беше голманот Торбјерн Бергеруд со 14 одбрани.
Во истиот термин Данска ја победи Грција со 40:28, а Шведска славеше над Грузија со 42:26.
𝐅𝐀𝐑𝐎𝐄 𝐈𝐒𝐋𝐀𝐍𝐃𝐒 𝐀𝐑𝐄 𝐖𝐑𝐈𝐓𝐈𝐍𝐆 𝐇𝐈𝐒𝐓𝐎𝐑𝐘 ✨💫
The Grundfos Player of the Match Elias Ellefsen á Skipagøtu gives his country the first point of its history at the EHF EURO 🇫🇴#ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/bepWyxVqQv
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2024