Утрински Весник
Магазин

Повторно „краток спој“ меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез

Jennifer Lopez Ben Affleck

За време на „шопинг-тура“ со сопругата Џенифер Лопез во продавница за накит деновиве на францускиот карипски остров Сан Бартелеми, Бен Афлек изгледал како „да врие однатре“, слично како и неколкупати досега кога e уловен од папараците. Размените на огорчени погледи и искрите меѓу нив двајца биле „краток спој“, којшто сепак, кусо траел, раскажува неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch).

„За неколку минути таа ја стивна состојбата и работите се смирија. Бен обично е среќен и го прифаќа она што неговата сопруга го сака, како излегување и фотографирање, но има мигови кога тој ја достигнува својата точка на прекршување,“ вели изворот близок до двојката.

Според наводите, Џенифер и Бен се двајца неверојатно страствени личности. Неименуваниот пријател ја има таа оценка за парот кој се венча во 2022. – 18 години откако нивната прва свршувачка пропадна. Оттогаш, тие се борат да ги избегнат истите стапици и да направат бракот да им успее.

„Првиот пат кога беа заедно, нивната врска не можеше да се справи со притисоците на рефлекторите, а истите тие прашања почнуваат повторно да ги напаѓаат“, појаснува изворот.

Но, се чини, Џенифер е решена да не му дозволи да залута премногу.

„Не само што четвртиот развод би бил крајно понижувачки за неа, туку таа навистина верува дека Бен е љубовта на нејзиниот живот. Сè на сè, нивните семејства прекрасно се споија, а нивните деца се зближија“, додава изворот.

Според сè, ова е само почеток од бракот, па и двајцата се трудат, се вели, а особено Џеј-Ло „прави сè што може“ за да го спаси овој брак.

Можете да прочитате

Јапонка уапсена поради откажување на повеќе од 2.000 нарачки од онлајн продавница за книги

Пронајдено дрво старо над 1000 години во Германија

Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ на Принс добива свој мјузикл на Бродвеј