Утрински Весник
Култура

Кавадарци организира интернационален натпревар за најдобри вина

Three Glass Of White Red And Rose Wine With Dim Light In Wooden Restaurant Table With A Grape Background

Интернационален натпревар за најдобри вина се организира во Кавадарци, во чест на денот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, од страна на Здружението за промоција на производи од грозје и вински туризам,  „Винотек“,  во соработка со Вински музеј, под покровителство на градоначалникот и локалната самоуправа. Објавен е јавниот повик за доставување на мостри за оценување.

– Станува збор за интернационална дегустација и оценување на вина произведени од регистрирани производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Ќе има повеќе категории за оценување. Млади вина од берба 2023 и тоа бели, розе и црвени, бели, розе и црвени мирни вина и најдобро странско вино, појаснија денеска организаторите на настанот за МИА.

Тие нагласија дека оценувањето на квалитетот ќе го врши стручна комисија. Ќе се оценуваат сите доставени мостри, а ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“