Утрински Весник
Македонија

ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ НАЈСТУДЕНО ДОСЕГА ОВАА ЗИМА: Во понеделник и во вторник нови врнежи од дожд и од снег!

4e6570a5 394f 412e bc90 a66eef8eacb2

Метео анализа за Славчо Поповски

Овој викенд на Балканот, но и во Македонија ќе биде најстуден досега оваа зима. Ширум Балканот температурите ќе се спуштат и до околу -15 степени во утринските часови. Во Македонија исто така тие ќе се спуштат и под -10 степени.

Студено ќе биде и преку ден, па така максималните дневни температури на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а тие понекаде ќе останат и негативни.

Сепак времето ќе биде стабилно и суво без врнежи. Со оглед на очекуваните температури, наутро очекуваме појава на силен мраз.

Во понеделник и во вторник ни следува нов бран на врнежи од дожд на пониските, и од снег на повисоките места и на планините. Снежната граница понекаде би можела да се спушти и под 1000 метри надморска височина. На повисоките места и на планините се очекува формирње на нова помала снежна покривка.

Ви посакуваме прекрасен викенд каде и да сте почитувани граѓани! И секако, облекувајте се убаво со оглед на тоа дека ќе имаме многу студен викенд.

Можете да прочитате

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Превентивна кампања за повозрасните – „Внимавај телефонски измами”

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда