Утрински Весник
Спорт

ФИФА го суспендира Лирој Сане

1806621485.0

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше репрезентативецот на Германија, Лирој Сане за следните три меѓународни натпревари.

Крилниот напаѓач доби црвен картон на пријателскиот натпревар со Австрија, кога се обиде физички да се пресмета со Филипе Мвене. Германците го загубија мечот во Виена со резултат 2:0.

Сане ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата пред почетокот на Европското првенство во Германија.

Германскиот фудбалски сојуз соопшти дека ќе се жали на оваа одлука.

Доколку казната остане на сила, селекторот Јулијан Нагелсман нема да може да игра со Сане пред Европското првенство, а се очекува тој да биде еден од предводниците на тимот на завршниот турнир.

Германија го отвора Европското првенство на 14 јуни во 21 часот против Шкотска во Минхен и дури тогаш Сане ќе може повторно да игра за националниот тим.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига