Утрински Весник
Свет

Лоциран танкерот со нафта запленет од Иран

123 e1705163094667

Танкер под знамето на Маршалските Острови, запленет од Иран во Оманскиот залив на почетокот од оваа недела, е лоциран источно од иранскиот остров Кешм, соопшти службата за следење пловидба на танкери TankerTrackers.com на својот налог на мрежата „Икс“.

Иран го заплени танкерот „Свети Николас“, натоварен со ирачка сурова нафта наменета за Турција.

Заплената беше одмазда за конфискацијата минатата година на истиот брод и нејзиниот товар од иранска нафта од страна на САД, објавија иранските државни медиуми.

Полуофицијалната новинска агенција Фарс цитираше изјава на иранската морнарица во која се вели дека танкерот „Свети Николас“ бил на пат кон иранските пристаништа.

Можете да прочитате

Мерц повикува на деескалација на Блискиот Исток 

Шефот на НАТО: Ормутскиот теснец мора да се отвори, како сојузници мора да најдеме начин

Италија ги намалува даноците на горивата