Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Битиќи: Познати институциите кои наводно злоупотребиле европски пари, во тек се предистражни постапки

Picture 593 660x438 1
Img 7972

Се знае кои се јавните институции поврзани со критиките од ЕУ за наводни злоупотреби на европските пари, но, тие нема да бидат откриени додека не завршат предистражните постапки кои се во тек. По конечните одлуки, ќе им се намалат средства од редовните програми и ќе се бара лична одговорност од луѓето кои ги раководеле.

Како што рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, тоа што е увидено како евентуална злоупотреба не е ништо спектакуларно и е под пет отсто од средствата што се користат.

-Тоа што е увидено како евентуални злоупотреби е во рамки на просекот на тоа што се увидува во секоја земја-членка на ЕУ и во земјите потенцијални кандидати за членство во ЕУ, ништо спектакуларно морам да признаам.

Тоа е дури под пет отсто од средствата што се користат. Тоа што беше најавено минатиот период е на ниво на информации и покренати постапки, се уште нема исход од ниту една од нив, дали ќе треба да се вратат средства. Во ЕУ постои механизам, т. н. офсетинг, според кој, ако се увиди дека има неискористеност или искористеност на средства на ниво на непланирани и непризнаени трошоци, тие или се намалуваат од други програми или се бараат од крајниот корисник. Во овој случај, тоа се јавни институции и веројатно, штом добиеме одлука за која било од нив, ќе им се намалат од редовните програми и ќе се бара лична одговорност од луѓето кои ги воделе институциите во тој временски период. Се знаат институтциите, но бидејќи има предистражни постапки, не би сакале да ги обзнаниме. Кога ќе има конечен исход, ќе бидат соопштени, истакна Битиќи по панелот „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“, во рамки на кампањата на Владата на Република Северна Македонија „Европска иднина, поблиску од кога било“.

Можете да прочитате

Полициска потера на патот Скопје – Велес: Испукан предупредувачки куршум, криминалците со возило излетале од коловозот

Се докажа дека Зоран Заев ги влече конците во СДСМ, а Венко Филипче е само статист, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Филипче од Центар: нема да влегувам во калта, ќе го разобличувам Мицкоски