Утрински Весник
Македонија

И во сурово млеко во една од поголемите млекари е детектиран афлатоксин М1, вели ВМРО-ДПМНЕ

И во сурово млеко во една од поголемите млекари е детектиран афлатоксин М1, вели ВМРО-ДПМНЕ

Агенцијата за храна и ветеринарство на 21 септември оваа година во Македонија дозволила увоз на околу 20 тони трајно млеко од Република Србија, обвинува опозицијата.

dobivaj vesti na viber

Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение пишуваат:
„ Ни помалку, ни повеќе во млекото пуштено во промет е детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. Оттука ова млеко е штетно за пиење, а истото предизвикува труење и други компликации по здравјето на граѓаните. Ова се темели на докази, односно ова е резултат од лабораториски анализи. Има информации дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија исто така е детектиран афлатоксин М1 во млекото. Во истото се надминати максимално дозволените нивоа согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.“

Вчера од АХВ информираа дека млеко со афлатоксин по потекло од Србија на полиците во маркетите нема.

„Денес, со согласност на извозникот, од граница тоа се враќа во Република Србија во согласност со законски дефинираните процедури“, рекоа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Можете да прочитате

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство