Утрински Весник
Спорт

Фламенго по само пет месеци го отпушти Самаполи

Фламенго по само пет месеци го отпушти Самаполи
Dik 300x250 mk

Челниците на бразилскиот гигант Фламенго го сменија Аргентинецот Хорхе Сампаоли од тренерската позиција, објавени клубот на социјалните мрежи. .

dobivaj vesti na viber

Сампаоли (63), во Фламенго пристигна пред само пет месеци, го предводеше тимот од Рио де Жанеиро на 39 натпревари во сите натпреварувања.

Фламенго моментално е седми на табелата во бразилскиот шампионат, без шанси да се вклучи во трката за титулата, а клубот го очекува жестока борба за четвртото место кое води во Копа Либертадорес.

„Фламенго ја информира јавноста дека тренерот Сампаоли и неговиот технички тим повеќе не ги водат „црвено-црните“. Управата му се заблагодарува на Аргентинецот за професионалноста и му посакува среќа во продолжението на кариерата“, се наведува во кусото клупско соопштение.

Клубот е без победа во последните четири натпревари во сите натпреварувања, а го загуби финалето на Купот од Сао Паоло (0:1 дома, 1:1 на гости).

Во август беше елиминиран во четвртфиналето на Копа Либертадорес од парагвајската Олимпија од Асунсион (1:0 дома, 1:3 на гости).

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата