Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека „неопходно е да се побара од Јужна Америка список на пријатели на Гуњко“.
Мислејќи на Јарослав Хунка, чие неодамнешно појавување во канадскиот парламент предизвика скандал.
Таа ја коментираше неговата изјава дека сè што сака до крајот на животот е да го напушти овој свет во тишина со семејството, но дека „сега ќе биде принуден да патува кај своите пријатели во Јужна Америка“.
Захарова потсети дека само на крајот на четириесеттите години на минатиот век, односно по Втората светска војна, во Јужна Америка се населиле од 10.000 до 15.000 нацисти.
„И тоа беа само идеолози и оние кои ги спроведуваа идеите на националсоцијализмот. А колаборационистите не се ни пребројани“, напиша таа на Телеграм.
Како што наведе, меѓу нив едни од најпознатите биле:
Доктор-смрт Јозеф Менгеле, кој се криел во Бразил.
„Архитект на холокаустот“ Адолф Ајхман. Во мај 1960 година, израелските власти го префрлија од Буенос Аирес, Аргентина на судот во Ерусалим.
Клаус Барби, наречен „Лионскиот месар“, кој беше на чело на Гестапо во Лион. Француското правосудство го пронајде џелатот во Боливија.
Сите тие, потсетува портпаролката, побегнале во Јужна Америка од Шпанија.