Утрински Весник
Свет

Индиец се пожалил на силни болки во стомакот, лекарите му извадиле 60 предмети

Индиец се пожалил на силни болки во стомакот, лекарите му извадиле 60 предмети

Мaж од Индија, кој веќе две години страдал од болки во стомакот, ги шокирал лекарите, кои во неговиот стомак пронашле повеќе од 60 предмети за домаќинството, пишува „Њујорк пост“.

dobivaj vesti na viber

„За време на снимањето пронајдовме синџири, навртки, завртки, слушалки и многу други предмети во стомакот“, рече Ајмер Синг Калра, директор на болницата „Мога Медисити“ во Мога, каде што се лекува човекот. 35-годишниот Кулдип Синг отишол во болница бидејќи месеци трпел силни болки во стомакот, а развил и треска.

Лекарите направиле рендген и откриле дека Синг изел приближно 60 предмети, вклучително и синџири, навртки, завртки, слушалки и заштитни иглички, магнети, копчиња и патенти од кошули и многу други предмети.

Лекарите му дијагностицирале ментална болест поради која компулсивно голта други предмети, освен храна, соопштија од клиниката. Според нив, болеста е најчеста кај малите деца, трудниците и кај лицата со психијатриски нарушувања, меѓу кои аутистичен спектар, интелектуална попреченост или шизофренија.

„Бидејќи јадел остри предмети, имал тешки рани во пределот на стомакот“, изјавиле лекарите. Синг потоа беше подложен на тричасовна операција предводена од хирургот Ануп Ханда и гастроентерологот Вишавноор Калра.

Иако процедурата била успешна, пациентот сè уште е на вентилатор и е во критична состојба.

Можете да прочитате

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана