Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трипуновски: Во Македонија е увезено канцерогено млеко од Србија и пуштено во промет

(Видео) Трипуновски: Во Македонија е увезено канцерогено млеко од Србија и пуштено во промет

На 21 септември оваа година во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3-ти февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. И со тоа истото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Ова, како што вели, е резултатот од лабораторијата „врз кое што го темелиме нашето денешно тврдење“. Наодите, според него, покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија.

„Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи“, вели тој.

Афлатоксините кои се пронајдени во млекот, според Трипуновски, се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност.

„Прашуваме, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во Република Македонија. Во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето?

Дополнително, до нас пристигна и информација дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија детектирано е ниво на афлатоксин М1 во млекото, кое ги надминува максималните нивоа дозволени согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија?“, прашува Трипуновски.

Апелира до граѓаните на максимална претпазливост. Од АХВ, како што посочува, свесно или несвесно се пушта храна со канцерогени материи кои што се штетни по здравјето на луѓето.

Апелира и до Бабовски наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира.

„Доколку не знае како, нека си поднесе оставка“, потенцира Трипуновски.

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина