Утрински Весник
Македонија

537 санкции за брзо возење

537 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 537 возачи, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Од нив 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 274 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 263 надвор од населено место, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Трет голем пожар избувна во Штип, евакуирани работници од „Албатрос“

МВР приведе 18 возачи, најголем дел возеле без возачка дозвола

Драма кај Штип: Бегајќи од пламените јазици, возач предизвикал директен судир со друго возило