Утрински Весник
Свет

Ден на жалост е оти загинатите се граѓани на Србија, рече Вучиќ откако Еди Рама побара осуда од ЕУ

Ден на жалост е оти загинатите се граѓани на Србија, рече Вучиќ откако Еди Рама побара осуда од ЕУ

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, гостуваше на РТС и рече дека во Србија е прогласен ден на жалост за сите загинати во настаните во Бањска и ги коментираше изјавите на Еди Рама за ситуацијата во Косово.

dobivaj vesti na viber

„Србија го одреди Денот на жалост поради трагични настани, поради смртта на сите луѓе. Од гледна точка на Уставот, сите се граѓани на нашата држава. Србија има ден на жалост за тројцата убиени Срби и за убиениот полицаец. Тоа е цивилизирана, сериозна и одговорна одлука. Еди Рама не ја кажува вистината. Точно е дека српските општини на северот на Косово и Метохија прогласија ден на жалост за убиените Срби. Прогласивме ден на жалост поради сите настани и сите загинати луѓе. Не е првпат да не ја кажува вистината“, рече Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, претходно денес ја повика Европската унија да излезе со уште една изјава и да го осуди денот на жалост кој Србија го објави поради трагичните настани во Косово или „нема да биде на иста линија со неа“.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд