Утрински Весник
Свет

(Видео) Голем грабеж во Филаделфија: стотина млади луѓе упаднаа во продавници и крадеа стока

(Видео) Голем грабеж во Филаделфија: стотина млади луѓе упаднаа во продавници и крадеа стока

Продавници во центарот на Филаделфија и други делови на градот биле ограбени вчера, откако во нив упаднала толпа малолетни и млади луѓе, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Во еден момент имало околу 100 луѓе во толпата што ечеше низ центарот на градот, изјави полицискиот комесар Џон Стенфорд, пренесува „NBC News“.

Грабежот се случи на денот на протестите поради отфрлањето на обвиненијата од страна на судијата против полицаецот кој го уби Еди Иризари, но Стенфорд рече дека грабежите не се поврзани со протестите и дека разбојниците не биле демонстранти.

„Она што го имавме синоќа беше куп криминални опортунисти кои ја искористија ситуацијата и се обидоа да го уништат нашиот град. Тоа нема да се толерира“, рече Стенфорд на прес-конференција.

На видеото снимено на местото на настанот, луѓе во дуксери со качулка на глава, некои со маски на лицата, се гледаат како упаѓаат во продавница на „Apple“, изнесувајќи роба. Ограбена е и блиската продавница „Фут Локер“, која продава спортска облека и обувки.

Протестот што истиот ден се одржа пред градското собрание во центарот на градот беше мирен и заврши во 20 часот и 30 минути по локално време, соопшти полицијата. На тоа му претходеше одлука на општинскиот суд со која беа отфрлени сите обвиненија против полицаецот Марк Диал, обвинет за незаконско убиство на 27-годишниот Иризари.

Недолго потоа имаше извештаи за голем број млади луѓе во центарот на градот, а околу осум часот полицијата почна да добива повици за упади во продавници и грабежи, рече Стенфорд.

Доцна синоќа беа уапсени меѓу 15 и 20 лица, а одземени се и две огнени оружја, додаде тој.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме