Утрински Весник
Свет

На петмина Бугари им се суди во Велика Британија под обвинение за шпионажа за Русија

На петмина Бугари им се суди во Велика Британија под обвинение за шпионажа за Русија

Петмина бугарски државјани, кои живеат во Британија, денеска ќе се појават во Вестминстерскиот суд во центарот на Лондон, каде што ќе бидат обвинети за шпионажа за Русија.

dobivaj vesti na viber

Орлин Русев (45) од Грејт Јармут, Норфолк, Бисер Џамбазов (41) и Кетрин Иванова (31), двајцата од Хароу, западен Лондон, Иван Стојанов (31) од Гринфорд, западен Лондон, и 29-годишната Вања Габерова, од Черчвеј, северозападен Лондон, се очекува да бидат обвинети за дела според член 1 од Законот за кривичнотоп право од 1977 година, пишува „Бнр.бг“.

Тоа значи учество во заговор за собирање информации наменети да бидат директно или индиректно корисни за непријателска држава. Станува збор за периодот август 2020 година и февруари оваа година.

Русев, Џамбазов и Иванова веќе беа обвинети за поседување лажни лични документи во февруари откога беа претресени нивните домови кога беа уапсени.

Се верува дека петтемина се шпионска ќелија на чело со Орлин Русев. Прогоните за шпионажа во британските судови се многу ретки, при што случаите на шпионажа од странски државјани често се решаваат директно со протерување. Сепак, односите меѓу Велика Британија и Русија нагло се влошија кога руските трупи ја нападнаа Украина во февруари минатата година.

Можете да прочитате

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија

Независниот кандидат Калин Георгеску е најверојатно новиот претседател на Романија