Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Картели на власта профитираат на грбот на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Картели на власта профитираат на грбот на народот

„Реалната плата паѓа, стандардот е се понизок, картели на власта профитираат на грбот на народот. Реалната плата е помала за 5%, и со тоа Македонија ја има најлошата статистика во регионот. Стандардот е се понизок, народот од година во година е се посиромашен, тоа што се купувало пред неколку години за 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Апсурдот е уште поголем што земјоделските производи кои од земјоделците се купуваат по екстремно ниски цени на пазарите завршуваат неколкукратно поскапо. Парите наместо кај земјоделците завршуваат кај фирми блиски до власта, прекупувачи кои повеќе асоцираат на картели, отколку на бизнисмени.

Власта не сака да ги реши проблемите. Власта ги создава проблемите. Потребни се промени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница