Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 362 возачи, извести МВР.
„Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 209 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 153 надвор од населено место“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.