Утрински Весник
Македонија

Мицкоски вели дека Гордана Јанкулоска е жртва на политички терор и тортура

Мицкоски вели дека Гордана Јанкулоска е жртва на политички терор и тортура

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја коментираше средбата со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски рече дека се работи за редовни средби со луѓе од партијата од актуелните, но и од претходните раководства. Според него, Јанкулоска е жртва на политички терор и тортура, која што е правена врз неа и нејзиното семејство.

„Ќе ми биде чест и некој друг викенд да се сретнеме. Сите оние жртви на тортура и политички реваншизам од страна на владата на СДСМ и ДУИ се добредојдени, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера на социјалните мрежи објави фотографија со Јанкулоска со опис: „Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“.

Јанулоска издржува затворска казна во „Идризово“ за предметот „Тенк“, а во моментот го користи вториот дел од годишниот одмор.

Средбата се случува во момент кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, влезе во фејсбук-војна со експремиерот, Никола Груевски, кој своевремено важеше за близок со Јанкулоска.

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење