Утрински Весник
Македонија

Чекална во Центар

Чекална во Центар

Импровизирана чекална се појави во центарот на градот, во близина на трговскиот центар „Буњаковец“.

dobivaj vesti na viber

Се работи за активистичката акција, која, како што велат активистите, е посветена на сите граѓани на Македонија кои повеќе од 30 години чекаат да се случи нешто и работите да тргнат на подобро.

„Идејата на оваа акција е да одадеме почит на просечниог македонски граѓанин – чекач кој веќе 30 години непрекинато чека. Чекаме за подобар стандард, за влез во ЕУ, за битка со корупцијата, за подобро здравство, за подобро школство, за подобра инфраструктура, власта и партиите да работат во служба на граѓаните и што уште не. Година по година чекаме да се остварат неостварените ветувања. Всушност се нешто чекаме и станавме професионални чекачи. Токму затоа и ја изградивме оваа чекална каде секој може да си почека за она што најмногу му треба и она што му е најважно“, велат активистите.

Се додава дека во чекалната граѓаните можат да почекаат за следниве работи: Борба против корупцијата, влез во ЕУ, автопатот Кичево-Охрид, парчето автопат од 500 метри кај Катланово, подобро здравство, да се заврши кружниот тек во Момин Поток, учебници за трето и шесто одделение, за ефикасно судство, целосно да се оспособи мостот Беласица, да запрат градбите на малите хидроцентрали, за чист воздух, за вистински антикризни мерки, за поголеми плати, за поголеми пензии, за колектор на Вардар, за град што личи на град, за закажување нови документи, за мој термин, за уставни измени, за да разговарате со операторот, за пониски камати, за расчистување на дивите депонии, за шахти рамни со асфалтот, за изградба на коридор 8, за пруга кон Бугарија, за нов клинички во Штип.

Акцијата „Чекална“е во продукција на програмата за уметнички и креативен активизам на Центарот за соверемени уметности од Скопје.

Можете да прочитате

(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

СДСМ утре ќе објави нов скандал за Тошковски

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара