Утрински Весник
Свет

Орбан: Унгарија е „трн во око“ на западните земји

Орбан: Унгарија е „трн во око“ на западните земји

„Будимпешта не планира да отстапи од својот став за главните политички и општествени прашања, иако е свесна дека лидерите на САД и ЕУ ќе продолжат да ја напаѓаат“, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на состанок со пратениците на владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

Според весникот „Маѓар немзет“, на состанокот кој бил одржан зад затворени врати, Орбан навел дека Унгарија е „трн во окото“ на западните земји бидејќи е „најслободната земја во Европа“.

„Нашите граници се безбедни и тука нема мигранти. Наместо тоа, водиме семејна политика и никој не им наметнува родови идеи на децата. Не ѝ даваме оружје на Украина и не сакаме да се мешаме во војната“, рекол Орбан.

Предупредил на намерата на лидерите на ЕУ на Унгарија да ѝ го одземат економскиот, културниот и политичкиот суверенитет со тоа што ќе го променат начинот на кој Будимпешта го снабдува со гас населението и ќе ја присилат да прими десетици илјади мигранти во државата.

Орбан смета дека Западот сака да ја присили Унгарија да ѝ даде пари на Украина и да го одобри членството на таа држава во ЕУ без дебата, иако не ги исполнува условите.

„Нема да дозволиме тоа да се случи“, вели Орбан.

Можете да прочитате

Трамп: Војната ќе заврши кога и да посакам

Ирак: Нема да дозволиме ниту Иран ниту САД да извршуваат напади од наша територија

Голем пад на Фејсбук, Инстаграм, Claude AI и водечките телеком оператори