Утрински Весник
Македонија

Времето утре сончево и многу топло

Времето утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, особено попладне. Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.

Можете да прочитате

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Енес Ибрахим оствари официјална средба со лидерот на ЏХП, Озгур Озел во Турција

Заврши дводневниот стрип маратон „24 часовно цртање на стрип“