Утрински Весник
Свет

Шји Џјинпинг се сретна со Асад: Односите меѓу Кина и Сирија го издржаа тестот на промените во меѓународната ситуација

Шји Џјинпинг се сретна со Асад: Односите меѓу Кина и Сирија го издржаа тестот на промените во меѓународната ситуација

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг денеска се сретна со сирискиот претседател, Башар ал-Асад, во Хангжу, главниот град на источната кинеска провинција Жеџијанг, јавува новинската агенција „Ксинхуа“.

dobivaj vesti na viber

Сирискиот претседател е во Хангжу за да присуствува на церемонијата на отворање на 19. азиски игри закажани за сабота.

„Денеска, заеднички ќе го објавиме воспоставувањето на кинеско-сириското стратешко партнерство“, најави Шји и додаде дека тоа ќе биде пресвртница за билатералните односи.

Тој рече дека кинеско-сириските односи го издржале тестот на промените во меѓународната ситуација и дека нивното пријателство е зајакнато.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад вчера пристигна во Кина во прва посета на земјата од почетокот на 12-годишниот конфликт во Сирија.

Минатата година Сирија се приклучи на кинеската иницијатива „Појас и пат“, во која Пекинг го проширува своето влијание во регионите во развој преку инфраструктурни проекти.

Можете да прочитате

Објавена листа на најпосетувани дестинации во светот

Објавен тестаментот на папата Франциск

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели