Утрински Весник
Економија

Битиќи во Њу Џерси: Државната поддршка за инвестиции е потпора и за пазарните успеси на македонските компании во САД

Битиќи во Њу Џерси: Државната поддршка за инвестиции е потпора и за пазарните успеси на македонските компании во САД
Dik 300x250 mk

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на САД, по повод учество на Генералното собрание на ОН, ја посетија компанијата „Фаст Пак Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, основана пред 30 години, а која врши дистрибуција на над 1.000 различни македонски производи во сите сојузни држави на САД.

dobivaj vesti na viber

При обиколката на дистрибутивниот центар на компанијата во Њу Џерси, Битиќи, ја истакна заложбата на Владата за негување и развивање на контактите со дијаспората, посебно во насока на унапредување на економските врски и создавање на стимулативни услови кои мотивирачки би делувале, Северна Македонија да ја препознаат како реална можност за развивање на нивниот бизнис.

„Задоволство е да се види како успесите кои се остваруваат на американскиот пазар од над 300 милиони потрошувачи во целост се засноваат на потенцијалите на стопанството во Северна Македонија. Уште повеќе радува фактот дека пазарниот успех е споделен со компании од Северна Македонија, чии производи, благодарение на претприемачките способности на Ивановски, завршуваат на пазарот во САД. Ова зборува дека во нашето стопанство имаме компетитивни компании способни да испорачаат конкурентни производи и во најсилната економија во светот“, рече Битиќи.

Можете да прочитате

Раст на извозот и на увозот, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица