Утрински Весник
Свет

Италија ја тужи Австрија за блокада на преминот Бренер: „Тоа е чин на насилство и ароганција“

Италија ја тужи Австрија за блокада на преминот Бренер: „Тоа е чин на насилство и ароганција“

Италијанската влада ќе ја тужи Австрија пред судот на ЕУ за блокирање на преминот Бренер на границата меѓу двете земји, изјави италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека чинот на Австрија претставува „чин на насилство и политичка ароганција“, објави „Еурактив“.

Салвини ја осуди Австрија за блокирање на патувањето на италијанските превозници преку австриска територија и што неодамна најави гранични контроли на границата со Италија за да се спречи преминувањето на илегални мигранти, кои во последните недели во сè поголем број пристигнуваат на италијанските брегови.

По четири години недејствување на Европската комисија (ЕК), Италија одлучи официјално да ја активира процедурата со која на една земја членка на ЕУ ѝ се дава право да поведе тужба пред Европскиот суд на правдата против земјите членки за кршење на правото на Унијата, рече Салвини истакнувајќи дека ЕК требало да ја поведе оваа постапка.

Салвини истакна дека Италија во овој момент верува во правдата на Европскиот суд.

Тој потсети дека Австрија воведе рестрикции наводно од еколошки причини, но тврди дека воопшто не станува збор за заштита на животната средина, туку за нелојална австриска конкуренција кон италијанските и германските претприемачи и превозници и кон целиот европски континент.

Преминот Бренер е еден од главните центри меѓу јужна и северна Европа, а блокирањето на границата од страна на Австрија беше критикувано од соседна Германија, која исто така беше казнета за ограничувањата воведени во транспортот.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме