Утрински Весник
Економија

НБРМ: Во август, годишен раст од 10,1% на вкупните депозити и од 6,4% на вкупната кредитна поддршка

НБРМ: Во август, годишен раст од 10,1% на вкупните депозити и од 6,4% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор, велат од НБРМ.

dobivaj vesti na viber

Според надлежните, годишниот пораст на кредитите од 6,4% е резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Паричната маса (монетарниот агрегат М31,2), во август 2023 година, се намали за 0,2% на месечна основа, главно поради падот на депозитните пари и готовите пари во оптек, а во помал дел и од долгорочните депозити до две години, во услови на раст нкраткорочните депозити. Анализирано на годишна основа, паричната маса бележи раст од 7,4%, што во најголем дел се должи на повисоките депозитни
пари, како и на краткорочните депозити, при позитивно влијание и на останатите компоненти.

„Во август, вкупните депозити остварија месечно зголемување од 0,2% и во целост се објаснува со растот на депозитите на корпоративниот сектор, при пад на депозитите на домаќинствата. Годишниот раст изнесува 10,1%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор“.

Вкупните кредити, во август, се повисоки за 0,3% споредено на месечно ниво во целост поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст од 6,4% е резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, информираат од НБРМ.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025