На 19 и 20 септември, на место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени 28-годишниот С.А., 22-годишниот Р.А., 24-годишниот Џ.А., 37-годишниот Е.А., 39-годишниот Б.С., 51-годишниот Д.А., 53-годишниот Ќ.А., 47-годишниот С.А., 34-годишниот Џ.С., сите од село Брест и 27-годишниот Б.М. од село Арачиново, скопско, извести МВР.
– Лицата биле затекнати на местото при бесправна сеча на дрва и притоа биле пронајдени околу 400 кубни метри исечено огревно дрво. На местото биле пронајдени четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата. Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик.