Утрински Весник
Спорт

Потоп на Пелистер во Данска – Алборг со победа со 15 гола разлика!

Потоп на Пелистер во Данска – Алборг со победа со 15 гола разлика!

Враќањето на Еурофарм Пелистер во елитното европско натпреварување, ЕХФ Лигата на шампиони нема најдобар почеток, откако и во вториот меч во групата А доживеа тежок пораз, овојпат со астрономски 38:23 (18:10) на гости кај данскиот Алборг.

dobivaj vesti na viber

Пелистер почна одлично, поведувајќи со 3:1 и 4:2, но откако Алборг се „стабилизираше“ направи предност од осум гола на полувреме и веќе беше јасно кој ќе биде победникот. Во второто полувреме, данскиот клуб продолжи со истата игра, зголемувајќи го водството против македонскиот клуб за на крајот да стигне до апсолутно доминантен триумф.

Алекс Влах даде седум гола на Пелистер, додека повратникот на ракометот, Микел Хансен уфрли пет гола, додека во македонскиот клуб, Павле Петровиќ беше најефикасен со седум гола.

За Пелистер ова е втор пораз по домашниот од Колстад, додека Алборг има фантастичен старт на сезоната во ЛШ по минатонеделната победа на гости кај Кјелце.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО
Алборг – Еурофарм Пелистер 38:23 (18:10)
Целје – Порто 29:30 (16:9)
Висла Плоцк – ГОГ 26:30 (13:13)

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо