Утрински Весник
Свет

Во Нагорно-Карабах изрешетан автомобил со руски војници, неколкумина загинати

Во Нагорно-Карабах изрешетан автомобил со руски војници, неколкумина загинати

Неколку руски војници стационирани во Нагорно-Карабах се убиени од истрели во нивниот автомобил, соопштија воени извори во Москва. Инцидентот се случил  во близина на селото Жанјатага, соопшти руското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Министерството не соопшти колку војници загинале. Тие се враќале од набљудувачката станица кога било пукано врз нивното возило, соопшти Министерството. Претставниците на Русија и Азербејџан на терен работат на разјаснување на ситуацијата.

Информациите не можат да бидат независно проверени. Вчера Азербејџан започна воена операција во јужнокавкаскиот регион Нагорно Карабах. Денеска со руско посредништво беше постигнато примирје.

Можете да прочитате

Почина рускиот амбасадор во Вашингтон

По Абу Даби, можна е средба на Мерц со Путин

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД