Кардиналот Франц Хенгсбах (1910-1991) е обвинет за сексуални напади врз малолетници во текот на 50-тите и 60-тите.
Кардиналот и денес е популарен, а стана познат во текот на трите децении што ги помина на чело на епархијата Есен.
Првично три лица излегоа со обвинувања против него, а бискупијата Есен објави дека се работи за сериозни обвинувања.
Во исто време други можни жртви беа поканети да се јават. Според епархијата, последното обвинение било упатено во октомври 2022 година, а уште две датираат од 2011 година. Епархијата не дала никакви информации за природата на нападите, што го објаснила со заштита на личните права на погодените.
Обвиненијата се насочени против двајца други германски бискупи: поранешниот епископ Емил Стеле (1926-2017) од надбискупијата во Фрајбург и поранешниот епископ на Хилдесхајм, Хајнрих Марија Јансен (1907-1988).
Наводите што минатата есен биле пријавени до независните контакт лица на есенската епархија се однесуваат на 1967 година, соопштија од епархијата.
Како резултат на тоа, сегашниот бискуп на Есен, Франц-Јозеф Овербек, почна дополнителни истраги – вклучително и една во матичната епархија на Хенгсбах во Падерборн.
При разгледувањето на досието „Падерборн“, истражниот тим од Есен наишол на белешка во која се наведува дека Хенгсбах во 2011 година бил обвинет за сексуално малтретирање малолетна тинејџерка во 1954 година додека бил помошен епископ.
Тогаш Ватикан оцени дека обвинувањата се неверодостојни, но по последните истраги се оценети како веродостојни.
Исто така, една жена изјавила дека во 1954 година, кога имала 16 години, била сексуално малтретирана од Франц Хенгсбах и неговиот брат Пол. Братот, кој почина во 2018 година, а исто така беше свештеник во надбискупијата, остро ги отфрли обвинувањата.