Утрински Весник
Македонија

Уапсен гостиварец, се заканувал со пиштол на сограѓанин

Уапсен гостиварец, се заканувал со пиштол на сограѓанин

Вчера, во 12 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 71-годишниот гостиварец З. Б., кој на 17 овој месец бил пријавен од 31-годишниот гостиварец Ф. С. дека пред неговиот дом во Гостивар му се заканил со огнено оружје, извести СВР Тетово.

dobivaj vesti na viber

„На З. Б. му е одземен пиштол ‘цз’ во калибар од 9 милиметри со рамка со 13 куршуми и нож“, соопшти СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Можете да прочитате

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка

Награди за најдобри женска и машка епизодна улога за Кочовска и Михајловски на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат