Утрински Весник
Спорт

Надал: Не сум фрустриран, Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Надал: Не сум фрустриран, Ѓоковиќ е најдобар во историјата

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во интервју за „Ас“ изјави дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.

dobivaj vesti na viber

Освојувачот на 22 Грен слем титули зборуваше во контекст на освоените титули и истакна дека според тој параметар не постои дилема кој е најдобар.

„Бројките се бројки, статистиката е неумолива и во таа смисла. Бројките на Новак се подобри од од моите, тоа е неспорно. Немам доволно големо его за да се обидам да ја прикријат реалноста или да ја прикажам поинаку. Ова е вистината. Остатанатото е прашање на вкус, инспирација, начин на интерпретација, дали ви се допаѓа едното или другото. Кога се во прашање титулите, Ѓоковиќ е најдобар во историјата и тука треба да престане секоја расправа. Но, како и секогаш секој може да креира приказна како што сака, да потсети на моите многубројни повреди. Несреќа за мене е што моето тело (беше) во таква состојба, но и тоа е дел од спортот“, изјави Надал.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024